Од утре во Србија само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

9

Членовите на српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот донесоа одлука од утре странците кои доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија ќе треба да имаат негативен тест ПЦР, не постар од 48 часа.

Ова го потврдил епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, во изјава за РТС. Исто така било решено да се запрат ограничувањата што се однесуваа на граѓаните на Црна Гора.

Од утре за македонските државјани се отвораат и границите на Црна Гора.