Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ

14

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи денеска во Виена ќе ги претстави приоритетите на земјата како претседавач со ОБСЕ во 2023 година. Во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе ги изложи приоритетите на Северна Македонија, кои ќе се фокусираат врз заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ во време кога тие се сериозно оспорени.

 

Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ од Полска на 1 јануари 2023 година, а Османи ќе ја извршува функцијата претседавач со ОБСЕ. Ова е првпат Северна Македонија да претседава со Организацијата.