Откриено колку „тежи“ семејството Кардашијан

37

Американското ријалити семејство Кардашијан е познато во светот по своето огромно богатство. Од основањето на нивната серија до денес, нивната популарност постојано расте, а во согласност со тоа, милиони, пардон, милијарди во банка.

Полека, ова семејство го зазеде тронот на највлијателните луѓе во светот, а како што пренесува Clever News, нејзините членови имаат вкупно 3.839.000.000 долари на сметки во банка!

Покрај тоа, овие мултимилионери низ Америка имаат 18 куќи и не треба да се нагласува дека секоја од нив блеска со луксуз и гламур.

Сите овие имоти беа платени многу, а, како што се наведува, нивните вредности варираат од 700.000 до 20 милиони долари.

Најбогата е сепак Кајли Џенер, која стана милијардерка и една од најмладите во светот.

Покрај тоа, сестрите Кардашијан се познати по „скапите играчки“ кои често си ги дозволуваат, а последен во низата е „Бугати“ од три милиони долари на Кајли Џенер. На сето ова, треба да се додаде дека најмладата милијардерка во светот во својата гаража има и два „Range Rovers“, „Rolls Royce“, „Lamborghini“ и „Ferrari“.

Во споредба со сето ова, се чини како мала работа што има седум слики од Дамијан Хирст само во дневната соба, секоја во вредност од над 18 000 американски долари.aa