„Слободен печат“ дознава: Матичниот број ќе стои на пописните листи, отисок е невозможна мисија

33

„Слободен печат“ дознава дека во пописните листи, сепак ќе стои и матичниот број на граѓаните за да биде спречено евентуалното двојното или повеќекратно попишување. Барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во пописот да биде вклучен и отисокот за прст, според директорот на Државнито завод за статистика Апостол Симовски е невозможна мисија.

Тој за „Слободен печат“ вели дека освен што технички не може да се изведе една таква операција, таа идеја е и спротивна со Законот за заштита на личните податоци.

– Прво, единствена институција која може да зема отпечаток од прст и тоа за лични документи е МВР, второ МВР не може да ја сподели базата на отпечатоци со Државниот завод за статистика за ние да видиме дали тие се совпаѓаат или, пак, не и трето, ние не смееме да ги споределуваме податоците од пописот со било која инситуација, па дури ни со МВР. Податоците добиени со пописот, согласно Законот за попис можат да служат единствено само за статистички цели. Да не правиме муабет колку набавката на такви терминали ќе ја подигне цената на пописот но и би ја усложнило целата процедура, вели директорот Симовски.

Тој посочува дека доколу се исполнат барањата на опозицискта партија, многу категории на граѓани ќе останат непопишани.

-Што правиме со децата кои немаат отисок во МВР, или пак со што немаат лична карта или пасош, што правиме со странците што се цел на пописот, бидејќи тие немаат отисок од прст во МВР, а престојуваат со одобрение, што правиме со тие што се надвор од државата 12 месеци а се дел од катеторијата од вкупно резидентно население, кое според правилата на ОН, Евростат и други меѓународни институции се дел од вкупното население. Што ќе правиме со воениот персонал што е надор од државата, со нашите дипломати и нивните семејства, но и со сите оние што поради некоја друга функција не се во Македонија. Значи накратко кажано оваа идеја на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од небулозна. Би препорачал да ги отворат и да ги прочитаат препораките на ОН-економска комисија на Европа, Евростат, во делот што важќи за Европа па и пошироко. Таму пишува дека за пописот не треба да се бараат никакви документи, вели Симовски.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека предлозите за пописот се добродојдени, но дека прашaње е дали се реални.