ОЈО бара казни од по 2 000 евра за 34 лица кои го прекршиле полицискиот час во Скопје

Скопското обвинителство бара казни за 34 лица кои го прекршиле полицискиот час, а за секој од нив се бара глобата да изнесува 2 000 евра.

13

„Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движењe и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење“,велат од обвинителството.
Лицата се обвинет за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.