Перез тоне се подлабоко, сега се појавија снимки на кои го напаѓа и Кристијано Роналдо: Тој е болен идиот

10

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се наоѓа во големи проблеми откако „Ел Конфиденсал“ објави аудио снимки од минатото кога тој ги напаѓа ѕвездите и легендите на екипата.

Вчера во јавноста излегоа снимки на кои Перез гази по клупските легенди, Раул и Икер Касиљас, а денеска „Ел Конфиденсал“ објави аудио снимка на која претседателот на Реал Мадрид плука во Кристијано Роналдо нарекувајќи го болен идиот.

– Кристијано Роналдо е идиот, болен болен идиот. Мислите дека е нормален, но не е. Во спротивно не би правел работи кои би направи, последната глупост е каде го видоа – зборува Перез кој немаше убави зборови ниту за Жозе Мурињо.
„Кристијано и Мурињо се личности со големо его. Двајцата се размазени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Да се поинакви може да заработат уште повеќе пари. Мурињо е ненормален. Жорге Мендеш не може ништо да им нареди, тој е нула како газда“ Дури не може да ги натера да даваат интервјуа“, зборува Перез.