Петровска најави кривична пријава за Чулев

13

Дополнителната заменичка во МВР Славјанка Петровска, најави кривична пријава за нестручно и несовесно работење за техничкиот министер Наќе Чулев. Таа реагира дека Чулев вчера ги прекинал наредбите на службениците во други организациони единици. Со ова, Петровска реагира дека Чулев ја довел во опасност безбедноста на државата. Петровска укажува дека ќе нема кој да обезбедува неколку амбасади, како и резиденцијата на амбасадорот на ЕУ. Граничниот премин Јажинце, според неа, нема да може да функционира.