ПЕТТИ ПАКЕТ МЕРКИ: 50 милиони евра помош за плати, лесно може да се злоупотребат од работодавци

12

Сума од околу 50 милиони евра е најавена за петтиот пакет економски мерки на државата како субвенции за плати поради пандемијата со коронавирусот.

Деталите кои уште се во фаза на утврдување, ќе се дознаат викендов, а фирмите ќе може да земат кредит кој доколку работењето на таа фирма се покаже како успешно може да стане и неповратен кредит.

Интересот за субвенцирање на плати изминатиот период беше голем а сега таа мерка лесно може да биде злоупотребена.

Според тврдењето на првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, паричните средства можат да бидат пренаменети за друга намена од страна на несовесни работодавци.

Димовски стравува дека тоа што никаде не е потенцирано дека тие кредити се за субвенционирање на плати може да се искористи како дупка, работодавачот да си палти данок и слично.

-Нас како синдикати тоа нѐ плаши, бидејќи никаде не е посочено за што се наменети тие пари, а на работодавците им се кажува дека се наменски за субвенционирање на плати за нивните работници, кажа Димовски во гостувањето на Алсат .

Сумата која државата ја подели на фирми досега како помош беше 1,1 милијарда.