Пет причини за убедливата изборна победа на Борис Џонсон

8

Убедливата победа на Борис Џонсон веројатно го изненади и него. Многу сметаа дека неговит потег, првпат во речиси 100 години општите избори да бидат во декември, е многу хазардерски, но сега изгледа дека тој се исплатеше. Британски „Гардијан“ ја анализираше неговата победа и смета дека овие пет фактори пресудија во негова корист на изборите.

1. Брегзит

Изгледа дека пораката на Борис Џонсон дека ќе го „спроведе Брегзит“ повторувана многу често, ги погоди сите гласачи кои се уморни од недостатокот на конкретни одлуки во врска со излегување на Велика Британија од ЕУ. За време на кампањата, тој нагласуваше дека брзо ќе го реши ова прашање со неговиот договор, иако Велика Бритаија ја очекуваат години и години на трговски преговори и незивесности на крајот на 2020 година. И повеќе пати тој ја нагласуваше перспективата на лабуристичката влада која најавуваше дека ќе спроведе уште еден референдум.

2. Едноставни пораки

Пораката на „ториевците“ беше многу попрецизна од пораката на лабуристите. Џонсон немилосрдно се фокусираше на слоганот „да го завршиме Брегзит“, како и на ветувањата за поголем број на полицајци и медицински сестри. Спротивно на тоа, лабуристите имаа мноштво на големи ветувања: од масовна национализација до бесплатнен пристап до интернет и додатоци за жените во педесетите години од животот до заминување во пензија. Конечно, концентрирањето на мал број на телелни ветувања направило разлика.

3. Стратегијата за сигурност на прво место

Конзервативците започнаа манифест за краткорочни привлечни понуди од помали давачки за осигирување, до намалување на јавните трошоци. Партијата сакаше да ја избегне катастрофата на Тереза Меј од 2017 година, кога ја објави непопуларната политика за социјална грижа која лабуристите ја нарекоа „данок на смрт“. Овој пат, партијата се оддалечи од било какви спорни ветувања. Манифестот беше толку внимателен што го содржеше и ветувањето дека нема да го врати ловот на лисици – за што се залагаше поранешниот министер за надворешни работи Џереми Ханд, тврдејќи дека тоа е дел од традицијата, иако е забранет веќе 15-тина години.

4. Слаби лабуристи

Гласачите на лабуристите на многу места не излегоа да гласаат. Во некои подрачја воопшто не порасна бројот на гласачи на Џонсон, но тој ја однесе големата победа бидејќи гласачите на лабуристите останаа дома или гласаа за партијата Брегзит. Поразените застапници не го криеја разочарувањето од лидерот Џереми Корбин и го наведоа токму него како главна причина зошто не гласале на овие избори.

5. Борис Џонсон

Кандидатите за време на изборите рекоа дека, иако Џереми Корбин од почетокот беше многу непопуларен, немале ниту премногу симпатии за Џонсон. Меѓутоа, тој очигледно е подобриот кандидат за време на целата кампања од мај 2017 година, дури и нивните две соочувања каде воопшто не се „подлизнал“. Премиерот го направи најголемиот гаф при крајот на самата кампања кога одби да погледне во слика од момче кое лежи на под во болница на куп од капути бидејќи нема доволно кревети. Јавноста беше разочарана од Џонсон, што наместо да погледне во фотографијата, го зема телефонот на новинарот кој му ја покажуваше и го стави во џеб, и продолжи да зборува за плановите за зголемување на средствата за здравството. И покрај сѐ, за време на целата трка имаше подобар рејтинг од Корбин.