Пленковиќ: Се работи на нова методологија за проширување на ЕУ

4

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека смета оти Франција може да го промени ставот за проширување на ЕУ до Самитот во Загреб во мај.

Тој во пресрет на посетата на европските официјални претставници на Загреб, а по повод официјалниот почеток на претседателството на Хрватска со Советот на ЕУ, изјави дека новиот комесар за проширување Оливер Вархељи во моментов работи на документ што може да ја промени методологијата на пристапните преговори, кој би можел да ја задоволи француската страна. Претседателот Емануел Макрон во октомври порача дека овој процес треба да биде помалку бирократски, пренесува ХРТ.

Пленковиќ истакнал дека целта на состанокот во Загреб е да се интензивираат разговорите меѓу членките и аспирантите за членство во ЕУ, така што тие би се одржувале барем на секои две години.

Хрватскиот премиер порача дека земјата има четири столба во програмата за претседателство со Советот на ЕУ, кои се однесуваат на различни европски политики.