Повеќе од 100 пожари низ САД, најмалку 23 загинати, уништени стотици домови

9

Во САД најмалку 23 лица загинаа, а стотици домови се уништени од повеќе од 100 големи пожари.

Властите во Орегон соопштија дека повеќе од 500 000 жители се принудени да се евакуираат поради пожарите.

Тоа е над 10% од населението во државата од 4,2 милиони жители. Момче на 12-годишна возраст е пронајдено мртво со своето куче внатре во изгорен автомобил, а се верува дека неговата баба починала откако пожарот се проширил на подрачјето околу Лионс во Орегон.

Едногодишно дете и неговите родители загинаа во обид да избегаат од пожарот во државата Вашингтон, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Оканоган. Жешките жаришта се протегаат од државата вашингтон, на север во близина на границата со Канада, до Сан Диего во Јужна Калифорнија.

Во Орегон се изгорени 120.000 хектари и се очекуваат бројни пожари и материјална штета на најмалку пет места поради пожарите, без преседан во историјата на државата, додека во тек се масовни евакуации, рече гувернерот Кејт Браун.