Повеќе од 12 илјади граѓани се вакцинирале во текот на вчерашниот ден

6

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12 352 дози вакцини, од кои 10 179 граѓани примиле прва доза вакцина. Заклучно со податоците од вчера од сите вакцинални пунктови во државата, вкупниот број на вакцинирани граѓани изнесува речиси 220 илјади, односно аплицирани се 219 977 дози вакцини.

Од вкупниот број, 33 831 граѓанин веќе имаат и ревакцина, додека останатите 186 146 граѓани примиле само прва доза.

Од Mинистерството за здравство информираат дека со последните бројки, 43% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вчера на вакциналниот пункт во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираа и поголем број владини претставници кои испратија порака дека имунизацијата е единствениот начин да се победи пандемијата.