Повторно расте бројот на починати од корона во Италија

31

Во Италија починале 628 пациенти заразени со ковид-19, објави денеска италијанското Министерство за здравство, што е зголемување во споредба со 415 претходниот ден, а бројот на новоинфицирани се зголемил за 13.318.

Првата западна земја погодена од коронавирусот, Италија, има 69.842 смртни случаи од последиците на пандемијата од февруари, што е најголем број во Европа и петта е во светот.

До денес, во Италија се потврдени 1.977.000 заразени лица.

Вториот бран на епидемијата во Италија се забрза со силно темпо во првата половина на ноември, со до 1.000 пациенти дневно примени во болниците и по 100 на одделите за интензивна нега.