Полицискиот час го прекршиле 21 лице

14

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава мерката за носење лична заштита на лице ја прекриле 584 лица, а забраната за движење од синоќа во 20 часот до утрово во 5 часот не ја почитувале 21 лице, информира МВР. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на ковид-19.