На Дончиќ му се заканува суспензија во НБА

97

Далас Маверикс во изминатата вечер славеше против Милвоки со 116:101 и тоа беше шест победа во последните седум натпревари и така дојдоа до шестата позиција на табелата.

Дончиќ одново го предводеше тимот на Далас и постигна 27 поени, а додаде уште 9 скокови и 9 асистенции. Поради приговор кон судијата Словенецот заработи и техничка грешка која беше негова 12. и му се заканува суспензија.

Во НБА лигата ако дојдете до 16 грешки тоа значи еден натпревар суспензија.