Полиција пред седиштето на „Беса транс“ во Скопје, граѓани чекаат информации за автобуската несреќа

6

Полициски службеници од утрово се распоредени околу седиштето на компанијата „Беса транс“ во Скопје, чиј автобус утрово враќајќи се од Истанбул имаше несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 45 лица.

Освен полиција, на местото има и роднини на загинатите, кои чекаат информации за трагедијата.

Канцеларијата на компанијата е затворена.

Во автобусот на „Беса транс“ патувале 52 лица. Меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.