Поранешен новинар од 1 ТВ сведочи во случајот „Рекет“

70

Порано вработениот во 1ТВ Христијн Баневски сведочи во случајот Рекет. На прашање на обвинителката Русковска околу неговата работа тој одговори:

Ме повикаа во канцеларија кај Јовановски и ми кажаа дека фирмата „Агриа“ од Велес сомнително работела и тоа треба да се истражи.

Кога го побарав сопственикот на фирмата Перо Колевски на телефон ми рече дека сме рекетари. Повторно го побарав Перо Колевски сопственик на „Агриа“ од Велес. Потоа беше расположен за соработка. Го прашав Јовановски бидејќи ми беше сомнително сето тоа и тој ми рече – Оваа телевизија треба да живее од нешто.

Подоцна пак ме повикаа во канцеларија, таму беше Томе Главчев и ми кажаа дека треба да се снима сторија. Покасно разбрав дека Главчев имал проблеми со Јанева и не ми беше јасно што се случува.

На прашање на адвокатот Дуковски дали пак контактирал со сопственикот на Агриа тој одговори дека освен два пати телефонски Јовановски му кажал дека се сретнал со него.