Последен ден од „викендот без ДДВ“

23

Денеска е последниот ден од „викендот без ДДВ“ во кој може да се купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема, а за кои на граѓаните ќе им биде вратен целосниот износ на данокот на додадена вредност.

Оваа владина мерка започна во саботата и e дел од четвртиот пакет антикризни мерки во време на пандемија.

На првиот ден, според податоците кои ги соопшти УЈП, прометот на македонски производи скокнал за три пати.

За да има целосен поврат на ДДВ за овие производи, сметките треба да се скенираат со апликацијата „Мој ДДВ“ во рок од три дена, а повратот на парите ќе се реализира до крајот на октомври. Максималниот промет за кој едно лице може да го врати целосниот ДДВ за македонски производи и услуги и компјутерска опрема е 30 000 денари.