Кинески град за пет дена ќе ги тестира сите девет милиони жители за коронавирус

11

Кинескиот град Кингдао почна да го тестира целото свое население за коронавирус, што планира да го заврши за пет дена. Масовното тестирање ќе опфати девет милиони луѓе и следува откако беа откриени десетина нови случаи на зараза поврзани со болница која лекува пациенти пристигнати од странство.

Во мај, Вухан за десет дена ги тестираше сите свои 11 милиони жители и ова е еден од начините на кои Кина успева да го држи ширењето на коронавирусот под контрола, за разлика од остатокот од светот.

Здравствените власти на Кингдао кажаа дека во изминатите денови биле откриени 12 нови случаи на коронавирус, од кои половина биле асимптоматски. Сите случаи се поврзани со иста болница. Властите планираат да тестираат пет области во рок од три дена, а за целиот град ќе им требаат пет дена.