По полноќ бензинот ќе биде поевтин за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари за литар

27

Од вечерва по полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот се намалува за 2,5 денари по литар, а на дизел горивото за 1,5 денари. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар, додека дизел горивото ќе чини 82 денари, а литар нафта за домаќинствата 78,5 денари, која поевтинува за 1 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.

Регхулаторната комисија информира дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,50 % во однос на последната ценовна промена.

Комисијата уште еднаш потсетува дека тоа се максималните цени, а дека трговците може да горивата да ги продаваат и по пониски цени.