Правото „преку“ и „оскудна“!

11

Сепак, оценката на Венецијанската комисија за албанскиот јазик во судство не е толку суштинска, бидејќи се сугерира дека е потребно дополнително време за исполнување на предусловите за имплементација, а не дека го оспорува целосно. И времето, работи во прилог на законот, а не против него. Добро е што коалиционите партнери се согласуваат дека законот ќе останува како што е, додека прашањето на судството да му се даде шанса за кадровско екипирање со некое дополнително време

Од Даут ДАУТИ

1.ВЕНЕЦИСКИСКА КОМИСИЈА ГИ ИЗМЕШАЛА ПРИНЦИПИТЕ ?!

Не верувам, или подобро да се каже, не сакам да верувам дека Венецијанската комисија паднала под влијание на еден нејзин член. Под влијание на Тања Каракамишева. Некои преценки, како таа да ги аргументирала, или како да се од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ, чија влада ја „делегираше“ Каракамишева во Венеција. Народот рекол, со кого седиш, така стануваш …

Меѓутоа, жално е што, можеби заради атерот и колегијалноста, дека членовите на Комисијата потпаднале под нејзино влијание, да го квалификуваат законот за јазиците како „преку“ меѓународните документи за малцинствата и регионалните јазици и на Уставот на Македонија! За жал, непринципиелно и неконзистентно аргументирање! Бидејќи, Венецијанската комисија треба да го знае тоа што не го знае, веројатно, дека уставниот статус на Албанците во терминолошки поглед, но фактички не е на малцинство. Но, и треба да се знае што е алфа и омега на човековите права: во меѓународните документи се даваат гаранции за не прекршување на човековите права, се даваа нивоа под кои не треба да паѓаат државите и се должни да ги почитуваат. Токму, држави на Европската унија, некои од нив, се под нивото на гаранциите што ги даваат меѓународните документи, каде на што не им се дава можност на употреба на јазикот во комуницирањето со државата, но ниту им се дава правото на само декларирање. Го имаме нашиот јужен сосед, Грција, како егземпларен пример за тоа и никому ништо. Имаме и други држави со по големо присуство на малцинствата, и кои што ниту во основните училишта не го учат, а камо ли да им се овозможува официјална употреба на нивниот јазик. Меѓутоа, Венецијанската комисија треба да ги разгледува и практиките „преку“, каде има „малцинства“ под 5 проценти, во некоја европска држава, и нивниот јазик е официјален „преку меѓународните документи“. Зошто Македонија, со присуство на албанскиот елемент, повеќе од една четвртина од населението, не им се придружува на државите како Финска, Канада, Белгија (германскиот јазик е официјален, иако има друга германска држава, а Германците во државата сочинуваат 1 процент!) , Швајцарија, Луксембург (со три официјални јазици, иако унитарна држава), Казахстан (со рускиот јазик како втор официјален (службен) јазик) …

Но, каде е најголемиот „промашај“ на Венецијанската комисија со меѓународно реноме? Дали е проблем издвојувањето на употребата на албанскиот јазик во судството? Знаете за што зборувам? Употребата на албанскиот јазик во судството не бил оспорен уште од почетокот на плурализмот, додека со време, дојде до конкретизирање. И порано, судовите биле должни да обезбедат преведувач, ако некој го посакувал тоа (ова право, на пример, го користел, Руфи Османи, во неговото судење за знамето во 1997 година!). Многу е логично дека во судството, каде што не беше никогаш спорно да се користи јазикот, да има унапредување и конкретизирање, додека напредувањето е направено и во другите области.

Меѓутоа, тука е еден мал трик, со кој, веројатно, сите паѓаат во стапица, тие кои забелешките на Венецијанската комисија им ја загреале душата и сега во трка, пред изборите, сакаат да го капитализираат за политички маркетинг, барајќи уставни измени. Сепак, ставот за судството, не е толку суштински, затоа што бара дополнително време за исполнување на предусловите за имплементација, а не што го оспорува целосно. И времето, работи во прилог на законот, а не против него. Добро е што коалициските партнери (тоа го најавив во претходниот текст), се согласни дека законот да остане таков каков што е, додека прашањето на судството да му се даде шанса за кадровско екипирање, со дополнително време. Тоа не е толку голем проблем.

Додека Тања, која ги измисли причините за миграција (духовните страдања на љубовта кај младината!), може да се радува малку по воздржана, затоа што нештата за законот и не зависат премногу од Венецијанската комисија, која нема обврзувачка правна вредност, туку советодавна вредност. Таа многу добро знае,колку ги почитувала претходната влада, блиску со нејзините ставови, многу правни преценки на оваа Комисија, која ги ставеше во фиоките! Законите не можат да бидат спорни никогаш, кога на некому му даваат повеќе права, кога тие не им се одземаат на некој друг !!! Со други зборови, нели не е зијан од правото„преку“, туку кога е „оскудна“!

2. ЃАВОЛОТ ОД ШИШЕ…

Некој го прочитал, некој слушнал, за Аладиновата светилка (ламба). Суштината на прикаската е во злобниот дух, затворен во него и целта е да некому да не му се дозволува да излезе од таму!

Така, ми се чини дека една добра намера, го натера лошиот дух и затворен, да излезе и ете сега, не излегуваат многу неочекувања.

Договорот со Бугарија за добро соседство, иако имаше намера да ги продлабочува односите меѓу двете соседни држави и меѓу двата народа,тој се чини дека го изнесе лошиот дух на мегданот. Една од точките на договорот беше прашањето за вреднување на историските настани и личности, но многу бргу се претвори во обид за оспорување или блокирање на се македонско! Тоа не би било нешто ненормално, ако не беше позицијата на превласт на бугарската страна против инфериорната позиција на македонската страна, знаејќи дека Бугарија (може) да одлучува за судбината на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Затоа, сите овие игри, каде непотребно историчарите станаа дел од политичкото пријателство, почнувајќи од етничката припадност на Гоце Делчев, а на крајот и со оспорувањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките, да вака или онака, ја водат кон оспорување на македонскиот народ.

Политичарите можат да се кријат зад езопскиот јазик (дипломатски), како што го направи неодамна бугарскиот претседател, велејќи дека нема да има срце да гласа против Македонија, туку го остави отворен условот и дека може да го стори тоа, ако другата страна не се откажува од неколку претензии. Македонските претензии не се непознати: дека македонскиот народ е реалност и дека македонскиот јазик е реалност и е посебен од бугарскиот и другите словенски јазици, без оглед на моментот или историските предуслови на создавањето и изминатиот пат на развојот. Не сакам да се повторам, ниту некој да ме смета како апологет на македонизмот (дека има многу апологети и без мене), туку со логиката на гледиштата на бугарските академици и политичари, тогаш на територијата на поранешна Југославија, каде се зборува српско-хрватскиот јазик, практично нема различни народи што се нарекуваат Срби, Хрвати, Бошњаци, Црногорци, туку само еден! Дури и нивниот јазик е поблизок од бугарскиот со македонскиот. Заедничкото потекло можеби не е спорно, но подоцнежниот развој на народите ги диференцирал со посебни идентитетски елементи преку јазикот, религијата, свеста за другата припадност…

Значи, тоа што се случува со отворање на стари и нови теми, е заправо спротивно со целта на договорот за добро соседство меѓу Македонија и Бугарија и тука, секако, најголемата цена ја го плаќа партијата и лидерот на партијата, значи Македонија и премиерот Заев. Тоа од причина дека имал многу противници на еден договорот, што отвора тешки теми на прегледот на настаните и личностите, а што Заев го бранеше упорно како добар, но што бугарската страна го користи за целосно оспорување на македонскиот народ , удирајќи зад грбот на „пријателот“. Тоа не личи на договор на пријателство.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)