Прва политичка жртва на грчко-турскиот спор: Советникот за национална безбедност на Мицотакис поднесе оставка

18

Поради несреќна изјава во врска со турскиот истражувачки брод „Оруч рејес“ кој веќе десетина дена предизвикува тензии на релација Атина- Анкара
Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, поднесе оставка, поради изјавата што предизвика забуна и предизвика проблеми во грчката Влада во врска со мисијата на истражувачкиот турски брод „Оруч рејес“, што е причина за зголемени тензии на релација Атина-Анкара.

Како што јави МИА од Атина, Диакопулос во понеделникот, за време на гостувањето во емисија на телевизијата „Open“ рече дека турскиот брод „Оруч рејес“, извршил истражувања во Источниот Медитеран, но додавајќи дека „прашањето е сложено“.

Оваа изјава е спротивна од ставот на официјална Атина дека „Оруч рејес“ не започнал истражувања во рамките на издадената навигациска информација (Navtex), поради што Грција смета дека е нелегална и опфаќа дел од нејзиниот континентален гребен.

Кусо подоцна, советникот за национална безбедност на Мицотакис излезе со писмена изјава во која објасни дека во утринското интервју сакал да каже дека Турција се обидела да изврши, а не дека извршила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката.