Пред да полета за Барселона, Меси им го разубави празникот (ФОТО)

36

Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен го пречекуваат Ејбар во рамките на 16. коло во Ла Лига.

Роналд Куман одлучи да одигра без Лионел Меси, кој доби дополнителен одмор за разлика од останатите фудбалери, според информациите токму од таборот на каталонскиот клуб тој има повреда на десниот скочен зглоб.

Но, многумина веруваат дека тоа е само изговор и дека Меси останал во Аргентина за да го прослави Божиќ со семејството. Меси се врати, но дури утре ќе им се приклучи на соиграчите.

Пред да полета за Шпанија, тој им ја исполни желбата на вработените на аеродромот во Росарио, без никаков проблем направи заедничка фотографија.