Пред два дена Гобер се шегуваше со коронавирусот, со рака ги допираше микрофоните на новинарите (ВИДЕО)

9

Руди Гобер мислеше дека коронавирусот е шега, но тој стана првиот кошаркар позитивен на КОВИД-19.

Во понеделникот на прес конференција Гобер многу незрело се шегуваше на сметка на коронавирусот.

По завршување на пресот, тој со рацете ги допираше микрофоните и диктафоните на новинарите кои беа оставени пред него.

Само два дена подоцна тој стана првиот НБА кошаркар позитивен на коронавирус.

НБА ја суспендираше лигата на неодредено време.