Курти повторно одби да се сретне со Тачи

7

Косовскиот претседател Хашим Тачи одржа вонредна прес-конференција за новинари откако премиерот Албин Курти повторно одби да се сретне со него.

Курти го одбил состанокот, кој имал за цел ускладување на државните политики, нагласувајќи дека е неопходно да се одржуваат односите со САД, пренесе „Косово oнлајн“.

Тачи му понудил на Курти три термини во кои би можел да одржат состанок, во 10, 11 и 12 часот, но Курти ја одбил неговата покана, пренесува Б92.

Тачи ја истакна важноста од стратешкото партнерство со САД и го повика премиерот Курти да донесе одлуки кои ќе бидат во интерес на Косово.

„Мислам дека приближувањето на чекорите ќе биде во интерес на Косово“, оцени Тачи.

Тој на почетокот на неделата одржа одделни состаноци со лидерите на политичките партии, освен со лидерот на Самоопределување и премиерот Албин Курти, кој подоцна изјави дека е подготвен за соработка, но дека ќе се сретне со косовскиот претседател исклучиво во својство на премиер, откако ќе одржи состанок со политичките партии.