Претседателот на Албанија ја поздрави апликацијата на Косово за членство во Европската унија

17

Албанскиот претседател Бајрам Бегај го поздрави поднесувањето на барањето на Косово за влез во Европската унија.

Бегај го смета за важен историски чин и на косовските власти им посакува многу успех во исполнувањето на обврските од процесот за членство.

-Ги повикувам сите земји членки на ЕУ да ја поддржат апликацијата на Косово, бидејќи тоа не само што би било во најдобар геополитички интерес на унијата, туку и натамошен придонес за поддршка на земја и народ со јасна европска и евроатлантска вокација, наведува Бегај.