Пријавете дива депонија преку анонимен прашалник

Овој прашалник е наменет за сите граѓани на Република Северна Македонија кои забележале или сакаат да пријават дива депонија. Клучни работи што сакаме да ги дознаеме: 1. Дали постои дива депонија во вашето најблиско опкружување? 2. На кое место точно се наоѓа? 3. Каков тип на отпад најчесто се фрла? 4. Како се чувствува (преку мирис, чади, се пали...)? 4. Дали сте побарале институционална помош за расчистување? 5. Дали сметате дека го загрозува вашето здравје? Секое искрено споделување е чекор до почиста животна средина. За себе. За твоите деца. За твоите внуци. За поквалитетен живот. За почиста животна средина. Прашалникот е анонимен, а решенијата треба да се јавни. Вашите одговори се од витално значење. Тие ќе дадат јасни насоки каде треба најитно да се менуваат работите во системскиот одговор. Истовремено се безбедни и шифрирани, без лични податоци.

66