Променливо облачно со сончеви периоди

19

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.

УХМР прогнозира дека од утре (среда) кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање.

-Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.