Рама објави мапа на која Косово е во границите на Србија, Приштина остро реагираше

11

Неколку часа по објавувањето на мапа штого прикажува Косово во рамки на српските граници и острите реакции кои уследија од Приштина, албанскиот премиер Еди Рама го поправи видеото поставено на неговиот фејсбук-профил, но не коментираше ништо во врска со овој настан.

Приштинскиот „Газета експрес“ пишува дека новинарите неколку пати се обиделе да добијат коментар од Рама, но дека никој во неговиот кабинет не бил достапен, пренесе „Танјуг“.

Српските медиуми тврдат дека видеото, на кое косовската територија е прикажана во рамки на српските граници, на официјалната фејсбук-страница на албанскиот премиер стоело повеќе од пет часа.

Рама мапата ја објавил како дел од видео за албанските инвестиции во водоснабдувањето.

Објавувањето на картата предизвика силни реакции во Приштина и Тирана, каде албанскиот премиер е под голем притисок во последните неколку недели околу пристапувањето на Албанија во балканскиот мини шенген.