Рама повика Украина да го преиспита признавањето на Косово

0

Албанскиот премиер Еди Рама за време на престојот во Киев побара Украина да го преиспита својот став околу признавањето на Косово, бидејќи, како што наведе, „тие луѓе тоа го заслужуваат“.

Рама за време на состанокот со украинскиот колега Денис Шмихал го спомнал Косово и напоменал дека Киев сè уште го нема признато.

„Би било добро Украина да испрати порака за новата европска реалност која сакаме да ја изградиме“, наведе Рама.

Албанскиот премиер на конференција за новинарите наведе дека Косово му дава целосна поддршка на Киев, и покрај фактот што Украина не ја признава неговата самопрогласена независност.