Расте бројот на заразени во Црна Гора

89

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, регистрирани се осум нови случаи на коронавирус и сега има вкупно 51.

Според соопштението, уште 85 примероци на коронавирус биле анализирани вчера попладне.

Новозаразените се од Подгорица (4), Рожаје (3) и Бар (1).

Тројца од новите случаи се контакти на претходно заболени лица, додека кај петмина се трага по изворот на инфекција.