Речиси три милиони патници поминале на аеродромот во Приштина во 2022 година

8

 

Речиси три милиони патници поминале на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина во 2022 година, односно 13 отсто повеќе од 2021 година, соопштија аеродромските власти.

Најголем број летови се регистрирани во ноември и декември лани.

Во 2022 година се регистрирани 18.052 летови, додека во 2021 година имало 17.842 летови, соопштија од аеродромот.