Роналдо и на 36 години ќе биде меѓу најплатените пет фудбалери во светот

17

Еден од најголемите трансфери што предизвика светско внимание на фудбалската сцена ова лето беше трансферот на Кристијано Роналдо, кој реши да го напушти Јувентус и да се врати во Манчестер јунајтед, каде што играше од 2003 до 2009 година.

Трансферот ги чинеше „црвените ѓаволи“ околу 21 милион евра, па Роналдо по репрезентативната пауза ќе дебитира за Јунајтед.

Англиските медиуми открија дека Роналдо ќе добива годишна плата од 27 милиони евра во редовите на гигантот од Манчестер, па така Португалецот се смести на листата меѓу најплатени фудбалери во светот.

Додека настапуваше за Јувентус беше на втората позиција веднаш зад Лионел Меси, кој заработува 41 милион евра по сезона, а Роналдо сега ќе биде петти зад Нејмар со 35 милиони, Иниеста со 29 милиони и Оскар со 28 милиони евра.