Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка

5

Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска му ја поднесе својата оставка на претседателот Владимир Путин, објави агенцијата „Тас“.

Путин му се заблагодарил на Медведев за досегашната работа, но нагласил дека неговиот кабинет не успеал да ги исполни сите поставени цели. Руските медиуми објавија дека Путин планира да го именува Медведев за свој заменик во Советот за безбедност.

Медведев важи за долгогодишен соработник на Путин и на премиерската функција беше од 2012. Претходно, четири години беше претседател на Русија.

Оставката на Медведев уследи откако Путин го одржа своето годишно обраќање до нацијата во кое најави дека сака да распише национален референдум за уставни измени, со кои во иднина поголема политичка моќ во земјата би имал парламентот или премиерот.