Русковска го испратила писмото до Советот на јавни обвинители

3

Обвинителката Вилма Рускоска го испратила писменото образложеное до Советот на јавни обвинители, откако апелациските судии испратиле допис/ претставка до обвинителскиот совет.

Инаку Обвинителството го анализира решението на апелација со кое и беше определен куќен притвор на Катица Јанева но според првичните согледувања немаат законски основ да поднесат вонреден правен лек пред врховниот суд велат од обвинителството за Телма.

Тоа што апелација оценила дека се исполнети условите за домашен притвор, односно тоа што обвинителството не е задоволно од ваквата одлука, не е доволно, туку треба да постои и повреда на закон за да се бара заштита на законитоста од врховен, објаснуваат од обвинителството.

Сепак ќе почекаат до понеделник и ќе ги разгледаат сите опции пред да одлучат што ќе преземат.