Русковска за аферата “Мафија”: Прво ќе чека реакција од Спасовски, па ќе одлучува дали ќе отвори предмет

57

Јавната обвинителка Вилма Русковска за “ТВ Алфа” рекла дека ќе му даде шанса на Министерството за внатрешни работи, како надлежна институција, да поведе постапка за пасошите со лажни идентитети издадени на шефови на нарко-картели од регионот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека од МВР издале повеќе од 200 патни исправи со лажен идентитет во таканаречената аферија “Мафија”.

Пасоши биле издадени за водачот на Шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ и шефот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во Македонија.

Русковска за “ТВ Алфа” изјави дека ќе му даде шанса на Министерството за внатрешни работи, како надлежна институција, да поведе постапка за оваа афера.

Доколку тоа не го сторат МВР или министерот Оливер Спасовски, таа најави дека по допрен глас ќе реагира обвинителството.

“Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција”, изјави Русковска, додека од министерот Спасовски, ниту од МВР се уште нема реакција”, изјави обвинителката.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за организирана шема на поединци од власта кои досега издале такви документи, со лажен идентитет, на најмалку 200 лица од подземјето во регионот, но имало и лица од држави на азискиот континент и од Јужна Америка, пишува “24 инфо”.