САД бележат најголем број на новозаболени од коронавирус досега

23

Соединетите Американски Држави во четвртокот поставија нов рекорд во дневниот број на заболени од ковид-19, со повеќе од 65.500 нови случаи во изминатите 24 часа.

Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата сега изнесува над 3,11 милиони. Претходниот рекорд беше надминат во вторникот, со повеќе од 60.200 нови случаи за еден ден.

Покрај речси 10.000 нови случаи во Флорида, во Калифорнија и Тексас има пријавено над 7.000 нови случаи.

Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа анализата на Ројтерс за случаите во последните две недели во споредба со две недели претходно.