Само голем Шенген!

47

Балкански Шенген значи, бидејќи се споменува овој термин, да влезеш во автомобилот и да стигнеш во Косово и Тирана, без да те запре ниту еден полицаец или цариник. Тоа е Шенген. Ништо помалку и ништо повеќе. Да може да те стопира полицаец, но само ако си возел премногу брзо и тоа бидејќи те заземало чувство на слободата

Од Назим РАШИДИ

Граници. Ги мразам. Ми предизвикуваат ужасно чувство на кошмар и ме потсетуваат на невозможноста. Ме потсетуваат на тешка состојба на безнадежност. Ме потсетуваат на разделба. Ме потсетуваат на баба ми која страдаше, затоа што од Струга не можеше да си оди во Поградец за да ги види нејзините родители, сестри и браќа. Ме потсетува на нејзиниот копнеж, болка.

Секогаш ме потсетуваат на моето семејство, кое половина век не се сретна. Бидејќи припаѓам на една генерација која се сеќава на поставувањето на границите, редиците на границите, редиците за визи, што некако го утврди и политичката ориентација, за да се биде отворен, слободен… Каде и суштината на европеизација се поврзува со мене и што се однесува до слободното движење на стоките, но пред се на идеите, без кои никогаш нема развој. Ја сум роден во поранешна Југославија.

Во моето доцно тинејџерство, започнаа војните на Балканот. Заедно со возрасните, гледавме телевизија каде ги гледавме нападите во Љубљана, а потоа и војната во Хрватска. Тоа беше периодот кога Југославија се уште постоеше и од која, единствена „придобивка“ како Албанец во тоа време, беше можноста за патување. Како и многумина, за да го избегнеш да одиш во војна на други, отидов во Германија. Таму останав неколку месеци. Ја опишувам оваа епизода од животот, затоа што се однесува на границите. Таму, еден ден, со моите роднини решивме да патуваме во Белгија. Се сеќавам многу добро, дека кога стигнавме на граница, всушност таа не постоеше.

Внимавајте, беше 1990 година. Роднината ми рече, тоа е вообичаено, бидејќи меѓу државите на Западот, границите речиси не постојат. Вистината беше дека таму имаше гранични премини, и полицајци и цариници. Меѓутоа, никој не ги идентификуваше влезовите и излезите.

Тоа беше судир на реалности за мене, иако млад, се уште не можев политички да ги синтетизирам околностите, но во еден дел на Европа се поставија граници, а преминувањето на границите беше речиси ризично, а на друга страна имаше слобода на движење. Шенген, ниту беше познат како термин кај широката маса, ниту беше прашање за дискусија, ниту стануваше збор за концептите на ЕУ, како што ги знаеме денес. Мојата можност беше слободно да се движам помеѓу Германија и Белгија, затоа што тие беа дел од Шенгенскиот договор, потпишан во 1985 година, а кој вклучуваше пет земји, Германија која тогаш не беше обединета, Белгија, како и Франција, Холандија и Луксембург.

Тоа беше Договор со кој границите се споија, а државите во голема мерка ги укинувале. Тоа беше реалност , која дојде како резултат на развојот и потребата на луѓето. А сето ова резултираше со концептите на обединета Европа и слободното движење меѓу земјите и луѓето во рамките на ЕУ. Значи, и јас го видов сам, но идејата за тој почетен Шенген беше воопшто да не застануваш на граница.

Да се движиш слободно и да одиш. Секако, ако властите сакаа, имаа можност да те стопираат, но границите речиси не постоеја. После неколку месеци се вратив на Балканот. Ветерот на војните беше многу присутен. Беа поставени нови граници, дури се чуваа со цевки од пушки и митралези. Беше 1993 година кога отидов во Албанија за да ги започнам студиите. Преминот на границата беше најпонижувачкото чувство. Тогаш полицајците, Македонци, те испрашуваа како да си најголем криминалец. Тоа се случуваше секогаш. Секој пат кога влегуваш и излегуваш. Понижувачко чувство. Се сеќавам добро, кога полицајците не принудија да ја вадиме облеката од сите торби, која претежно беа валкана, бидејќи ние се враќавме дома.

Се сеќавам на епизодата кога еден од нас му ги фрли сите пантолони, маички, гаќички, чорапи на нервозниот службеник,… Преминувањето на границата беше кошмар, затоа што секогаш прашањето беше, какви книги носиме во Македонија, што читаме… Подоцна, кога започнав да работам како новинар, честопати имав потреба да вадам визи. Редиците, тензиите, досадата пред амбасадите секогаш ме потсетуваа на тоа лошо чувство на границите. И повторно, повторно кога влегуваш на земјата на дестинација, повторно во посебни редици, со прашања и испитувања. Ги мразам границите. Но, денеска сме во друг момент.

Имаме можност на патување без визи во Шенген зоната, со лични карти во соседните земји. Несомнено, процедурите се олеснети. И од пред неколку недели се појави идејата за „балкански мини- Шенген“. Леле, си реков, иницијатива што требаше да се преземе одамна. Дека навистина за мене се замор и здодевност, запирањето на границите, проверка на личните карти, царинската контрола. ОК, мислиш. Дека и Балканот ќе помине и низ фазата на помирувањето. Веќе сме слушнале досега илјадници пати, го направија Франција и Германија, тие дури беа тие држави, а идејата на Шенген доби живот. Значи, може да се направи и тука. Но, почекај … се предлага патување со лична карта? Значи, каде ќе има пак проверки и запирања? Добро, бидејќи е поедноставно, дека немаш пасош и нема да добиеш печати, туку личните карти со технологијата што ги имаат, ги имаат истите податоци како пасошите.

„Мини Шенген“, така се нарекува, но без неговата суштина: укинување на границите. Нивното искоренување. Не сакам да навлегувам во многу анализи што претставува таа, ако дел од тоа не е Косово, или и другите земји што го зедоа со резерва. Затоа што без нив, нема Балкан. Ниту ќе се занимавам многу со економските елементи, каде камионите ќе имаат посебни линии. За мене, како еден од оние генерации што ги мрази границите, Балкански Шенген значи, бидејќи се споменува овој термин, да влезеш во автомобилот и да стигнеш во Косово и Тирана, без да те запре ниту еден полицаец или цариник.

Тоа е Шенген. Ништо помалку и ништо повеќе. Да може да те стопира полицаец, но само ако си возел премногу брзо и тоа бидејќи те заземало чувство на слободата. Тоа чувство е толку значајно за мене. Балкански Шенген, значи, дека кога еден Французин ќе влезе во Македонија, никој да не го контролира се додека не излегува во Црна Гора. Значи, слободен простор меѓу нас.

Меѓутоа, никој не зборува за тоа. Тоа, за што се зборува, е техничката леснотија на патувањето. Но,тоа не го има името „Балкански Шенген“, ниту мини и ниту макси. Ако сакаме да го копираме ЕУ, тогаш треба да се разгледува Договорот од Амстердам, кој е закон во земјите на ЕУ (освен Ирска и Велика Британија) кои се дел од целата Шенген зона, дури нејзин дел се и некои земји кои не се во ЕУ, како Швајцарија. Овие земји се обврзани да го почитуваат слободното движење и секако да ги исполнуваат техничките барања, за да функционира оваа иницијатива.

Но, дали тоа го стори Балканот? Се сомневам. Бидејќи, уште на почетокот има голема недоверба. А недовербата ќе се рефлектира од безбедносни проблеми и од односите меѓу државите. Меѓутоа, ете јас предлагам да овој „мини -Шенген“ да го започнат еднаш Македонија и Албанија, како две земји членки на НАТО, (Македонија се очекува наскоро да биде дел), каде безбедносни ризици во интеграцијата на системите нема да постојат.

Ако на европскиот Шенген му претходи на пет земји, на тој балкански нека му претходат две земји. Нека ги уриваат предрасудите. Дали можат? Повторно се сомневам. Дека ова не постои ни како опција. Затоа, олеснувањата во патувањата, што се добредојдени, не треба да се нарекуваат тоа што не се.

Границите, особено тие меѓу нас, не умориле. И се додека нема укинување на границите, тоа не е Шенген. И, сигурно, сигурно, се разбира… Ниту една таква иницијатива, не треба да го замени големиот Шенген. Затоа, доволно е да сме значаен дел на него, и се се завршува.

(Авторот е редовен колумнист за весникот КОХА)