Само 17 дена по изборите, Хрватска добива Собрание во нов состав

19

Само 17 дена по изборите, со посебни епидемиолошки мерки и без присуство на претседателот, денеска ќе биде конституиран новиот хрватски Сабор.

 

Претседател на парламетот повторно ќе биде Гордан Јандроковиќ, кој е на таа позиција од мај 2017 година.

 

До крајот на неделава, Саборот го очекува интензивна работа и потврда на новата хрватска влада на мандаторот Андреј Пленковиќ, која ќе биде помала од претходната и ќе има 16, наместо 20 ресори.

 

Хрватскиот парламент ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница со епидемиолошки мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот, а сите ќе носат заштитни маски, почитувајќи го потребното физичко растојание.

 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ нема да присуствува на церемонијата во Саборот, што ќе биде преседан, пренесе агенцијата „Хина“.