СДСМ бара наставниците да се водат од интересите на децата

10

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но во интерес на учениците, особено сега дури и во услови на пандемијата е продолжување на континуитетот на наставата, вели СДСМ.

„Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикуваме наставниците интересот на децата да го стават на прво место.

Владата предводена од СДСМ секогаш имала слух за наставниците. Во изминатите 3 години, во три наврати ги зголемивме личните приходи на наставниците за 21%.

Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21%, што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.

Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно Законот за минимална плата.

Во исто време кога ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати, врши политизација на штрајкот на СОНК на штета на наставниците и на учениците.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот. Тоа е последната партија која може да зборува за образование или за плати на наставници.

Решенија се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.

Заеднички да се обезбедат одржливи решенија во врска со зголемување на платите на наставниците и унапредување на нивниот економско-социјален статус“, се вели во соопштението.