СДСМ вечерва ќе се состанува за коалицијата со ДУИ

8

Врвот на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ќе одржи координација на која треба да биде разгледана владината коалиција со ДУИ.

Раководството го чека враќањето на премиерот Зоран Заев од Рим по што ќе се одржи состанок во партиското седиште за тоа како ќе се позиционира СДСМ на две недели пред формирањето на техничката влада, која треба да ги организира изборите на 12 април.

Во моментов и без 10-те пратеници на ДУИ по секоја легока ќе бидат обезбедени потребните најмалку 61 глас за избор на владиниот кабинет, што, најверојатно ќе го предводи сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски како технички премиер.

Во моментов „виси“ коалицијата на СДСМ и ДУИ особено по поднесувањето на купишта амандмани од страна на Интегративците во Собранието со кои беа практично блокирани законските предлози на главниот коалиционен партнер.