СДСМ го закажа конгресот, попладне ќе се утврдат пратеничките листи

8

Владејачкиот СДСМ денеска во 18 часот закажа Конгрес на кој ќе бидат утврдени листите со кандидати за пратеници на коалицијата.

Како што соопштија од партијата, конгресот ќе почне и ќе заврши со обраќање на партискиот лидер Зоран Заев.

Во меѓувреме, највисокиот партиски орган треба да ги утврди пратеничките листи, кои, според партиски извори, во секој момент се очекува да се финализираат.