СДСМ: Мицкоски да го исполни ветувањето за оставка по поразот на изборите

10

Исправи се Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка ако ги загубиш изборите или ако не направиш Влада, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Политичката катастрофа на Мицкоски се темелеше на тоа што тој немаше став за најкрупните политички прашања важни за државата. Но, од синоќа Мицкоски гази во нов негативен феномен, а тоа е заборавањето или газењето врз сопствениот збор. Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, за вчера преку партиско соопштение да се противи на најавата за укинување на Пржинската влада“, велат од СДСМ.

Додаваат дека е очигледно оти кај Мицкоски има нов проблем, па освен што не знае политика, економија и енергетика, почнал и да заборава и да гази врз клучни работи кои самиот тој јавно ги кажал.

„Еве нов предизвик за Мицкоски и помош за него да си достои на зборот: памети ли шпицниот аутсајдер Мицкоски дека пред цела јавност вети оставка на функцијата во партијата доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада? Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!“, велат од СДСМ.