Северина концертот во Загреб го почна со молитва, а го заврши во солзи (ВИДЕО)

63

Пејачката Северина Којичќ одржа концерт во полната загребска „Арена“, а хрватските медиуми известуваат дека необично го започнала и необично го завршила концертот.

Северина, која пред десетина дена го изгуби старателството над синот, концерто го започнала со молитвата „Оче наш“ и ја замолила публиката да ѝ се придружи.

Потоа ги нижела хитовите, но пред крајот се „скршила“ и заплакала.

На синот му ја посветила песната „Роџено мое“ и концертот го завршила во солзи, пренесува Индекс.

„Ова го пејам не само за својот син, туку за сите деца и за сите мајки“, рекла Северина, која среде песната заплакала.