Сега и официјално, Леброн е најдобар во историјата!

4

Мајами се пласираше во финалето на Истокот. Тие успеаја да го добијат најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната со 4:1, Милвоки е на пат кон дома, во последниот натпревар од серијата не можеа да сметаат на Јанис Антетокумпо.

Гркот беше повреден, се шпекулира дека може да замине, дека го одигра последниот натпревар за Бакс, но франшизата веднаш го демантираше тоа.

Вечерва беа на +13, играа добро во првата четвртина, но потоа се разбуди Мајами. Мајами возврати со серија поени, во второто полувреме стигнаа до двоцифрена предност, на крајот ја стегнаа одбраната и без проблем го приведоа мечот до крајот. Милвоки постигна девет поени во последните три минути, но четири од нив во последните 20 секунди, кога само го ублажија поразот.

Батлер, кој шутираше само шест пати, постигна 17 поени, колку што имаше Драгиќ, Тајлер Хиро додаде три тројки, Хит се одлични во плејофот, имаат скор 8:1, сега ќе одморат и ќе навиваат за втората полуфинална серија на истокот меѓу Бостон и Торонто да се продолжи (Селтикси водат со 3:2).

Во вториот натпревар на вечерта, Лејкерси поведоа против Хјустон. Фантастична последна четвртина, комбинирани 62 поени на Леброн и Дејвис им пресудија на „ракетите“.

Леброн Џејмс е најдобар во историјата, барем кога се во прашање победите во плејофот, ги има вечерва 161. Тој им оддаде признание на своите соиграчи со кои играше во Кливленд, Мајами и сега Лејкерс. Леброн постигна 29 поени во првото полувреме, од вкупно 36, Дејвис заврши со 26 поени, да признаеме дека Рондо беше клучен со неколку тројки во неверојатен финиш. Лејкерси на почетокот на последната четвртина направија серија од 17-5 и тоа беше клучно. Пресуди клупата. Имено, резервистите на Лејкерс постигнаа 42 поени, а „колегите“ од другата страна само 16 поени.