Седма жртва на коронавирусот во Италија

5

Кина извести за 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако се појави вирусот во декември минатата година, а истовремено кинеските власти соопштија дека има 409 нови случаи на зараза.

Што се однесува до Европа, најпогодена е Италија. Седум лица умреа, а заразени се над 220. Но, бројките постојано се менуваат. Седмата жртва на вирусот е 80-годишен старец кој претходно бил хоспитализиран.

Делови од северот на земјата поради тоа се во блокада, а единаесет градови се во некаква изолација. Како што јавуваат италијанските медиуми, во тие градови се изолирани вкупно над 100 илјади луѓе. Славната катедрала Дуомо во Милано е затворена, а неделава во тој град ќе бидат затворени и училиштата. Прекинат е карневалот во Венеција, а во тој град е затворен и театарот Ла фениче и базиликата Свети Марко.