Се активираат капацитети,се заоструваат мерки-влегуваме во втора фаза на епидемијата

Вкупно 52 медицински лица се заболени од коронавирсут, 34 од нив се заразиле во болнички или амбулантски услови. Филипче апелира до здравените работници да внимаваат и да го чуваат своето здравје, бидејќи од нивното здравје зависи и здравејто на нацијата

24

Се активираат капацитетите, влегуваме во втора фаза на епидемијата кога ќе расте бројот на заболени кој се очекува до крај на април да достигне до 2000 заболени. Од утре можно е да се заострат мерките за заштита на граѓаните, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Комисијата за заразни болести ќе заседава и можно е да достави предлог до Владата за заострување на мерките. Влегуваме во втора фаза, кога ќе расте бројот на заболени и затоа порачувам на граѓаните да се избегнуваат физички контакти, тие да се сведат на минимум . Дополнителен проблем е што има асимптоматски слуачи, луѓе кои немаат симптоми кои не можат да се забележат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

За таа цел, заради наглиот пораст на заболени се активираат и други капацитети иако Инфективанат клиника не е искористена комплетно. Се става во функција мобилната болница пред клиниката, се активира болницата „8 Септември“ да прима лежечки пациенти со КОВИД-19, како и болницата во Битола која што располага со 35 кревети со можност да станат 100 и има респиратори. Со тоа во јавното здравство се ставаат на располагање вкупно 400 кревети.

Филипче нагласи дека Министеровото з а здравство има посебна донациска сметка каде што веќе има собрано околу 500 000 евра, пари кои ќе се искористат купување на маски, респиратори, медицинска опрема. Тој рече дека повторно ќе се повтори јавната набавка за респиратори.

Вкупно 52 медицински лица се заболени од коронавирусот, 34 од нив се заразиле во болнички или амбулантски услови, потенцира Филипче. Тоа се 9, 5 проценти, од вкупниот број, што не е малку. Таму каде што има заболени лекари се прави реорганизација се префрлаат лекари од други болници, како што е случајот со кумановската болница каде што на инфективниот оддел има еден интернист од Скопје и еден од Штип. Филипче апелира до здравствените работници да внимаваат и да го чуваат своето здравје, бидејќи од нивното здравје зависи и здравјето на нацијата.

„Апелирам да се заштитуваат здравствените работници на своите работни места, здравјето е од примарно значење, да носат заштитна опрема бидејќи од нивното здравје зависи и здравјето на нацијата“, рече министерот Филипче.

Во тој контекст на тематскиот брифинг со новинарите кој беше пред прес конференцијата беше кажано дека ќе се засилат контролите кај здравствените работници дали носта заштитна опреама, дали правилно ја употребуваат, која опрема е неопходно да ја имаат. Министерот нагласи дека има доволно медицинска опрема во залиха и дека треба да дојдат и да си ја подигнат од ресорното министертво. ДСЗИ, прави дополнителни контроли од тој аспект, исто како и контроли за непружање на здравствена помош.

Две лица заболени од коронавирус починаа во текот на денешниот ден. Станува збор за маж на возраст од 63 години од струшко Лабуништа кој бил со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и пациент од Куманово кој починал во болницата „8 Септември“.

„Моментално на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти од кои 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, а другите пациенти се стабилни. Тројца се пуштени дома, а за четвроцица се чекаат резултати од контролните тестови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.