Се асфалтираат земјените патеки во Градскиот парк во Скопје. Граѓаните реагираат: Има ли памет тука!

8

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк. Ваквиот потег на градските власти предизвика огромен број на негативни коментари од граѓаните на Скопје.

„Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса“, истакна Арсовска.

Асфалтирањето на земјените пешачки патеки веќе почна. Почнаа и реакциите на скопјани. Пренесуваме дел од нив по социјалните мрежи:

Зошто бе идиоти, зошто сте без мозок, кој асфалтира паркови, не бе овде мозок се нема тотално. Како е можно цела држава, партија, секоја институција да е преполна морони. Оние претходните тргнаа да го бетонираат со летни сцени, овие асфалт ставаат на земјени патеки. Одете убијте се…

Љубезно да се (при)јави анти-херојот и “талентот” кој го наредил ова. Награда следува!

Секогаш сум фасциниран од потребата асфалт да се става, особено во паркови. Само уште у парк фалеше асфалт.

Да не плачете, ете сега има!

Под итно Градски парк да се врати во првобитна состојба! Ова не е нормално!

Понекогаш, како со вакви епизоди, помислувам дека животов во овој град e само кошмарен сон, ама никако да се разубедам.

Памет?! Не живее овде, си замина…