Се обрати Трамп: Срамота за нашата земја, ова е лага, одиме на Врховен суд! (ВИДЕО)

180

Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, откако се огласи на „Твитер“ за најновите случувања околу изборите, каде наведе дека се обидуваат да ги украдат изборите, се обрати на јавноста и од Белата куќа.

Трамп се прогласи за победник, и се закани дека ќе оди на Врховен суд поради обидот да бидат украдени изборите.

„Благодарам на Американците за неверојатната поддршка. Милиони гласаа за нас, а една група на луѓе пробува нешто друго, тоа нема да го трпиме.

Се подготвуваме за големо славје. Победуваме. Резултатите се феноменални.

Победивме во Флорида, Охајо, Тексас, некој прогласи победа во Аризона, но тоа е територија на Трамп. Што е најважно, победуваме во Пенсилванија.

Победуваме во Мичиген, Висконсин, Флорида… Го сакам Охајо, и таму победивме. Северна Каролина исто така голема победа. Водиме со 76 илјади гласови. Ова е лага на американската јавност. Срамота за нашата земја. Одиме на Врховен суд. Не сакаме во 4 наутро да пристигнуваат гласови. Тоа е тажен момент за мене“, рече Трамп.