Се уште има капациетет за сместување во болниците, но здравствените работници се преморени

Во последните 24 часа направени се 665 тестирања, а регистрирани 90 нови случаи. Оздравени се 48 пациенти. Починати се 9 лица.

42

Вкупната бројка на заразени во нашата земја е 5196, оздравени 1974, починати 247 и во моментов активни 2975 случаи, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа примени се 13 пациенти, вкупно 106 од кои на кислородна поддршка се 49. Во модуларната болница до клиниката има 11 пациенти. Во Козле има само 1 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови пациенти, 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола има 33 пациенти, во Штип 20 и на останатите клиники вкупно 76 пациенти.

До утрово бројот на хоспитализирани пациенти во земјава е 379. 87 проценти од нив се на домашно лекување или асимптоматски. Се уште има капациетет за сместување во болниците и тоа во Битола 5 слободни места, во Охрид, Куманово, Гостивар, Прилеп 10, во Штип 12 слободни болнички кревети.

Од денеска започнува да се организира и со работа да профункционира лабораторијата во болницата во Битола. Во модуларната болница има 60-тина слободни кревети и практично е целосно слбоодна болницата во Козле. Доопремена е со неопходната опрема којшто е потребна како и соодветен број на лекари, коишто доаѓаат од интернистичките клиники. Тука ќе бидат сместувани и деца и возрасни.

И покрај тоа што има доволен капациетет, медицинскиот персонал е преморен, секојдневно правиме реорганизација и ротации. Ова засега добро функционира, системот може да го оддржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните. Апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките за заштита.

Од вкупниот број на позитивни од 12 до 20 јуни најголем дел се од Скопје и од Тетово. Со ова се докажува дека овие два града се најголемите жаришта во државата. Во другите градови има драстично помал број. Најзастапена е возрасната група над 60 години, сепак има и помлади лица, што укажува на тоа дека никој не е имун.

Регистрирани се 65 смртни случаи во истиот период од 10 градови, најголем дел на возраст над 60 години, а 58 отсто од нив се случаи кои имаат бројни хронични заболувања.

Денеска преку амбасадата на Јапонија го добивме лекот Фавипиравир. Добивме АВИГАН за 100 пациенти. Станува збор за антивурсна терапија, во тек се негови бројни клинички студии и од искуствата веќе има добри резултати, не само во Јапонија, туку и во другите земји.

Важно е дека генеричките форми веќе се одобрени во Русија и во Индија. Ова е лек којшто се користи оф-лејбл, за да биде дефинитивно потврден дека е за болеста Ковид-19 потребно е да завршат клиничките студии, но има добри резултати кај пациентите во многу земји во светот и се препишува после строги анализи на крвта.

Утриово на состанокот на Комисијата разговаравме за дополнително попуштање на мерките, пред се на мерктие коишто даваат забрана за работа на повеќе економски оператори. Донесовме одлука да се предложи до Владата да се отворат казината, да профункционира јавниот превоз во Тетово и кон крајот на оваа недела и отворање на теретаните и фитнес центрите.

За отворањето на границите дополнително ќе биде разговарање во текот на денешниот и утрешниот ден, по што ќе ја информираме јавноста.

Епидемијата е се уште во полн ек, состојбата во регионот укажува дека во сите земји има пораст на случаите, вирусот е тука мора да продолжиме да живееме со него и по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, веројатно и следната година. 4 месеци направивме многу да одговориме на овој здравствен предизвик.

Кога се појави првиот случај на заразен во земјавата имаше мал број на болнички места.

Со целокупната активност, обезбедени се местата, здравственбите работници се целосно мобилизирани. Направија и прават се да го заштитат населението. Не смееме со непочитување на мерките да го деградираме нивниот труд.

Вирусот е тука меѓу нас, мерките мора да се почитуваат, така се штитиме и самите себеси и сите околу нас“, кажа Филипче.